Казни за 67 возачи - возеле пребрзо
17.07.2021 20:56
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово, денеска од 8 до 12 часот, спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово. Притоа санкционирани се 67 возачи.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува МВР.