×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Километарски колони на патарината Романовце кон Куманово

    22.07.2017 19:57 | KumanovoNews

    Жителите на Куманово и туристи кои транзитираат низ државата и се движат кон граничниот премин Табановце на македонско-српската граница, чекаат и по еден час да ја поминат наплатната рампа Романовце, затоа што на поголем дел од автопатот Скопје-Куманово се вози по една лента, бидејќи другата е раскопана и чека да се асфалтира.

    Километарски колони на патарината Романовце кон Куманово

    Според кажувања на луѓе кои заглавиле во гужвата денеска околу 16 часот, колоната возила, камиони и автобуси била долга повеќе од 5 километи, до Агино село, па морале да чекаат 40 минути за да ја поминат патарината каде работеле три билетари.

    „Ние цело време возевме во колона, а како се доближувавме до патарината гужвата стануваше се поголема. Бевме заглавени, па не се гледаше ни почетокот ни крајот на колната. Стоевме повеќе од 40 минути затоа што померувањето на возилата одеше бавно. Во еден момент луѓето го изгубија трпението и почнаа да возат по ракопаната лента. Тогаш се намали гужвата, но сепак беше премногу да се чека толку долго на вакви горештини. Некој треба да се замисли и побрзо да го заврши асфалтирањето на автопатот, бидејќи е сезона на одмори. Најтажното е што за возењето по раскопаниот автопат и долгото чекање, на крај треба да се плати 60 денара патарина“, вели нашиот соговорник.

    Во редицата на возила најмногу имало туристи од Србија, Германија, Швајцарија, кои се враќаат од одмор од Грција. Луѓе од авто-транспортните претпријатије велат дека секој викенд сликата на автопатот кон Куманово е иста поради смената во грчките одмаралишта, па затоа кумановци се почесто го користат алтернативните патишта за исклучување од автопатот во селото Романовце или патуваат по стариот пат Куманово-Скопје, преку Арачиново за да ги избегнат гужвите.

    Патарината Романовце е тесно грло на автопатот Гевгелија-Табановце и со години наназад во шпицот на летната сезона странски и домашни туристи чекаат со сати да ја поминат.

    Поради тоа претходната влада во јануари минатата година започна со изградба на нова наплатна рампа на стотина метри од старата, која треба да овозможи поголем проток на возила во двете насоки.

    Иако работите се при крај, новата патарина се уште не е работи, а оваа година дополнителен проблем предизвика и реконструкцијата на автопатот.