×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе ги следиме современите трендови и интересите на младите, најави Александра Тасиќ кандидатка за советничка од ДПСМ

    15.10.2025 13:13 | KumanovoNews

    Куманово треба да стане град што ги слуша младите, да им дава простор да растат, создаваат и успеваат. 

    Ќе ги следиме современите трендови и интересите на младите, најави Александра Тасиќ кандидатка за советничка од ДПСМ

    Време е да почне ера во која младите ќе бидат рамноправни партнери во креирањето на локалните политики, а не само пасивни набљудувачи, изјави Александра Тасиќ, кандидатка за советничка во Советот на Општина Куманово од „Братска листа“ на Демократската партија на Србите во Македонија - ДПСМ.

    Таа истакна дека ќе се залага младите да бидат активно вклучени во сите процеси на донесување одлуки што директно ги засегаат, бидејќи долгогодишното работно искуство во младинските организации и европските институции, и овозможило да се  запознае со бројни успешни модели за младинска партиципација. 

    „Мојата цел е тие позитивни искуства и европски практики да ги примениме и кај нас, преку создавање услови за развој, едукација и кариерно насочување на младите во Куманово. Конкретно, ќе се залагам за организирање саеми за кариерно насочување и можности за вработување, едукации за личен и професионален раст, како и програми за менторство и стажирање во јавниот и приватниот сектор. Но, многу важно е да ги следиме и современите трендови и интересите на младите. Денес, младите не бараат само класични форми на настани, тие се активни во дигиталниот свет, каде што креативноста и натпреварувачкиот дух се изразуваат преку gaming културата, е-спортот и онлајн креативните заедници“, кажа Тасиќ.

    Таа додаде дека Куманово досега немало вакви иницијативи, а токму тие можат да станат нова енергија за градот. Македонија има млади луѓе кои постигнуваат светски успеси во оваа област, од професионални гејмери до креатори на дигитална содржина и технолошки иноватори, и наша задача е да им дадеме поддршка и видливост.

    „Како дополнителна иницијатива, ќе се залагам за отворање на современи co-working простори за млади, каде што тие ќе можат да работат, учат, развиваат стартап идеи, создаваат проекти или да соработуваат со свои врсници и ментори. Таквите простори ќе бидат центар на младинска креативност, иновации и претприемништво, место каде што младите од Куманово ќе можат да го претворат својот потенцијал во реални резултати. Време е Куманово да стане град на младите, град кој ги поддржува, ги мотивира и им овозможува да го изградат своето идно утре овде, дома“.

    Тасиќ ги повика граѓаните да гласаат за „Братска листа“ на Демократската партија на Србите во Македонија со заокружување на број 3, затоа што младите заслужуваат подобра иднина.