×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се субвенционира набавка на 200 електрични возила за таксистите, најави Меџити

    06.09.2025 17:16 | KumanovoNews

    Субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти, најави првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити на работната средба со Унијата за здруженија на таксисти.

    Ќе се субвенционира набавка на 200 електрични возила за таксистите, најави Меџити

    Меџити рече дека овој проект е дел од стратегијата за борба против загадувањето на воздухот и поефикасен урбан транспорт за граѓаните на Скопје и целата држава.

    „Возилото што денес го претставуваме е електрично, со високи еколошки стандарди, без штетни емисии, без бучава и со висока енергетска ефикасност“, рече Меџити и додаде дека овие возила во неколку фази ќе ги заменат постојните кои користат дизел, бензин или гас.

    Тој кажа дека просечната цена на едно електрично возило е 28.000 евра, вкупната сума за 200 возила изнесува околу 5,6 милиони евра, а Министерството ќе субвенционира 15% од сумата или околу 840.000 евра. 

    Министерството веќе иницирало систем за споделување возила (car sharing system) со првите 100 електрични возила за јавна употреба, електрични тротинети и велосипеди во неколку градови, а во соработка со Европската Унија преку програмата „ЕУ за чист воздух“ донирани се 6 електрични автобуси за Град Скопје, зголемени се капацитетите за мониторинг на квалитетот на воздухот и засадени се десетици илјади садници низ целата земја.