×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ ќе нема свој кандидат за градоначалник во Куманово, ќе го поддржи Димитриевски, одлучи Извршниот комитет

    04.09.2025 08:31 | KumanovoNews

    Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да ги поддржи кандидатите за градоначалници кои ќе ги предложи коалициската партија ЗНАМ во општините Куманово и Центар. 

    ВМРО-ДПМНЕ ќе нема свој кандидат за градоначалник во Куманово, ќе го поддржи Димитриевски, одлучи Извршниот комитет

    Со тоа партијата ја потврди поддршката на актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, кој својата кандидатура за трет мандат ја најави пред два месеци за претстојните Локални избори. 

    „Убедени сме во способноста на секој избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите област и сектори на работа. Секој кандидат е почитуван како индивидуа во населеното место од кое доаѓа. Важат за искрени, честити и работливи луѓе кои си го одржуваат дадениот збор и кои ќе бидат вистински татковци на градот, изјави генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски по седницата на Извршниот комитет.

    И додека партијата не предлага свој кандидат, потписи за независна кандидатура собра Нинислав Јакимовски, кој е дел од раководството на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово. Рокот за доставување на кандидатурите до Општинската изборна комисија (ОИК) е 13 септември 2025 година.

    Кандидат за градоначалник на Крива Паланка е Оливер Алексовски, а беа соопштени имиња на уште 15 кандидати во другите општини.

    За Старо Нагоричане уште не се открива дали кандидат ќе има ВМРО-ДПМНЕ или коалициските партии ЗНАМ или ДПСМ.