Костовски и Мандиќ суспендирани
11.12.2014 13:45
| KumanovoNews
Носителите на играта на Куманово, Александар Костовски и Вукашин Мандиќ се суспендирани од страна на Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Куманово.

Како што дознава KumanovoNews, Управниот одбор на КК Куманово решил да изрече суспензија на бековите на Куманово, поради недисциплина и непочитување на клубските обврски, и прекршување на правилникот на КК Куманово.
Суспензијата е на неопределено време, а нивниот статус ќе се разгледува на следниот состанок на Управниот одбор.
Тие се отстранети од тренажниот процес, и нема да настапат на натпреварот против Струмица, кој ќе се игра во сабота.