×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Клаудија Адеми нутриционист и фитнес тренер ќе одржи предавање во Куманово

    09.10.2020 11:57 | KumanovoNews

    Познатата нутриционистка и фитнес тренер, Клаудија Адеми, која е по потекло е од Македонија, а живее во Шпанија, сабота во 18 часот ќе одржи предавање на Ирски паб во Куманово.

    Клаудија Адеми нутриционист и фитнес тренер ќе одржи предавање во Куманово

    На предавањето можат да присуствуваа сите граѓани, кои сакаат да дознаат повеќе за сопственото здравје, како да се хранат, како да изгубат или да добијат повеќе килограм, како да останат здрави во оваа време кога храната е целосно вештачка, нездрава, полна со масти, шеќери, пестициди...

    - Моите специјални режими на исхрана и вежби постанаа хит во светот и секој ден се повеќе луѓе ме контактираат, кои имаат разлни проблеми и потреби. Тука не станува збор само за слабеење има луѓе на кои им е потребно да добијат и некој килограм повеќе, или пак едноставно сакааат да живеат здраво и изгледат убаво. Покрај тоа што луѓето бараат концепти за здрава храна многу од нив ме контактираат и за тренинг програма. Кога правам личен концепт тоа е исклучиво на природна база, нема вештачки состојки (таблети, суплементи). Нема специјални продукти или откажување од онаа што најмногу го сака клиентот, нудам концепт по кој можат се да набават во најблиската продавница. Благодарение на модерната технологија можам да контактирам со секој човек, дури и по неколку пати во денот. Моите клиенти не ги оставам сами во борбата, со нив сум во контакт 24 часа, 7 дена во неделата. Ја им помагам на луѓето убаво да се чувствуваат во своето тело без разлика какво е, - вели Клаудија.

    Клаудија Адеми(47) родена во Германија, на свои 20 години заминува за Шпанија каде завршува мастер студии за нутриционизам и фитнес инструктор, се надоградува за личен Body Coach во Англија. За само 6 месеци станува популарна во Европа, Америка и Австралија.

    Благодарение на нејзините концепти и тренинзи, многу познати естрадни личности во регионот и пошироко стигнаа до посакуваната телесна тежина и атрактивен изглед.