×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Книги и лектири на српски јазик за учениците во Табановце и Старо Нагоричане

    06.09.2019 08:36 | KumanovoNews

    Министерот за образование, наука и технолошки развој на Република Србија, Младен Шарчевиќ, подари комплети учебници и лектири на српски јазик за учениците во основните училишта „Браќа Рибар“ во Табановце и „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане.

    Книги и лектири на српски јазик за учениците во Табановце и Старо Нагоричане

    Притоа вети поголема соработка и поддршка за надминување на проблемите и подобрување на условите за работа на учениците од српската етничка заедница.

    „Има тука многу работа, мора да се дизајнираат закони за учебници, начинот на превод, прилагодување на пример на српскиот автор кон македнскиот корикулум, но и тоа ќе го направиме“, - истакна министерот Шарчевиќ.

    Ова е прва посета на српски министер за образование на училишта каде се изведува редовна настава на српски јазик во регионот.

    На првачињата во двете училишта ранчиња со комплетен училишен прибор им подарија претставници од српскиот културен центар „Спона“.

    (фото.спона)