Книжевна работилница со Ванчо Полазаревски
15.12.2014 10:51
| KumanovoNews
Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ на детскиот оддел, утре во 13 часот, ќе се одржи книжевна работилница на ученици со детскиот писател Ванчо Полазаревски.

Книжевната работилница е насловена како “Нова радост“. Учениците од четврто одделение ќе се запознаат со Полазаревски и ќе разговараат за неговото творештво.