Мени

Коцевска: Владата обезбеди 7,5 милиони денари за реконструкција на Соколана

21.10.2020 11:09 | KumanovoNews

Владата обезбеди 7,5 милиони денари за реконструкција на спортската сала Соколана и спортските игралишта покрај неа. Веќе е распишан јавен повик и наскоро ќе започне негова релизација

Коцевска: Владата обезбеди 7,5 милиони денари за реконструкција на Соколана

- Владата со јавен повик преку Агенцијата за млади и спорт кој е во завршна фаза и за кој се обезбедени средства во Буџетот на во износ од околу 7,5 милиони денари за реконструкција на Соколана со целосно зачувување на нејзиниот автентичен изглед, при што се предвидува: партерно уредување на игралиштето, целосна реконструкција на постоечкото игралиште, теренот за мал фудбал со комплетна реконструкција на трибините како и уредувањето на паркинг просторот, - изјави Драгана Коцевска од СДСМ.

Владата пред неколку месеци ги врати во владение на Општина Куманово големите спортски објекти и тоа  Соколана, спортската сала, градскиот стадион и стрелиштето.

- Со тоа се отвора можност и локалната самоуправа во соработка со Владата да одвои средства за враќање на ликот и целосно обновување на овие култни места значајни за нашиот град, како и целосно ставање на овие објекти во функција на граѓаните. Соколана е еден од најубавите и најрепрезентативните објекти во Куманово, кој што воедно претставува и симбол на нашиот град и кој што сведочи за спортскиот дух на нашиот град, објектот Соколана, а кој што поради негрижата на претходната власт беше оставен на забот на времето, - додаде Петрушевска.