Kокаин пронајден кај кумановец
07.12.2019 09:59
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ј. (32) од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што информира МВР, на 23.07.2019 околу 23.00 часот на ул.„Веселин Маслеша“, при извршен преглед кај него бил пронајден и одземен кокаин.