×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Колку изнесува долгот на Општина Куманово, праша ВМРО-ДПМНЕ

    31.01.2020 12:25 | KumanovoNews

     Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека поради недомаќинско трошење на буџетските пари Куманово е една од најзадолжените општини во Република Македонија, која работи со блокирана сметка под задолжителна судска резерва, поради што го кочи развојот на градот.

    Колку изнесува долгот на Општина Куманово, праша ВМРО-ДПМНЕ

    - Уште минатата година кога долгот на Куманово беше 17 милиони евра, градоначалникот Димитриевски уверуваше дека Општината, со помош на Министерството за финасии, своите долгови ги надмирува навремено и дека наскоро ќе се надмине проблемот со блокадата. Во име на транспарентноста јавно го прашуваме градоначалникот Димитриевски: Колку изнесува долгот на Оштината Куманово во моментот? Дали oваа презадолженост на Општината е причина поради која Димитриевски има намера да посегне по џебот на кумановци, воведувајќи наплата на веќе постоечки бесплатни паркиралишта и можеби воведувајќи и други давачки? Дали бурната реакција на јавноста го попишмани во оваа намера, па ќе почека да поминат изборите и потоа да ја реализира оваа намера за наплата на паркингот кај Градскиот базен? Дали според Димитриевски е нормално една од најзадолжените општини во Република Македонија да троши енормни 23 милиони на дневни и патни трошоци? Огромни 16 милиони денари на привремени вработувања и неколку милиони на купување на нови луксузни возила?,- праша на денешната прес-конференција Милан Давидовиќ, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.

    Сите овие горенаведени суми се предвидени да се трошат согласно усвоениот Буџет за 2020 година на Општина Куманово.

    Тој додава и дека граѓаните се тие кои сами треба да проценат дали оваа локална власт домаќински ги троши нивните парии го обвинува СДСМ дека систематски со децении го уништува Куманово.