×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Колку се богати кумановските пратеници

    16.09.2020 09:12 | KumanovoNews

    Станови, автомобили, земјиште, накит, заштеди во банки, но и кредити, поседуваат кумановските претставници во Собранието.

    Колку се богати кумановските пратеници

    Во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), тројца од пратениците: Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Стоилковиќ од ДПСМ и Арбер Адеми од ДУИ ја пријавиле имотна соcтојба откако стапиле на новата функција, додека во анкетните листови на Мартин Костовски од СДСМ и Елми Азири од Алијансата на Албанците се уште стојат податоците додека биле на предходните функции.

    Пратеникот Бране Петрушевски, како личен имот пријавил стан од 70 м2 Куманово во вредност од 2.500.000, а поседува и два автомобили голф од 200.000 денари и рено клио во вредност од 60.000 денари. Отплаќа два банкарски кредити од 2.337.000 денари и 360.000 денари. Петрушевски во анкетниот лист го навел и недвижниот имот на родителите, земјиште од 590 м2 Куманово во вредност од 300.000 денари и куќата со површина од 143 м2 во Куманово во вредност од 3.500.000 денари.

    Пратеникот Иван Стоилковиќ од ДПСМ  на свое име има  пријавено земјиште од 6.000 м2  во селото Стрновац, Општина Старо Нагоричане и  автомобил „Фолсфаген Туарег“.  Стан од 106 м2 во Куманово  и автомобил „Голф„ се сопственост на брачниот другар.

    Доскорешниот министер за образование, а сегашен пратеник Арбен Адеми, на негово име има само банкарски депозит во вредност од 31.000 денари и готовински средства во висина од 600.000 денари, додека останатиот недвижен и движен имот е во сопственост на родителите или на брачниот другар. На име на родителите е пријавена куќа со двор од 1.150 м2 во Липково, која вреди 5 милиони денари, два стана со помошни простории од по 85 м2 во Куманово со вредност од 2.171.000 денари и 2.252.000 денари, хартии од вредност- 104 акции и моторно возило фолсфаген бора од 1999 година. Сопругата на Адеми поседува златен накит во вредност од  300.000 денари, возило голф од 300.000 денари и банкарски депозит од 61.000 денари.

    Во анкетниот лист на Мартин Костовски уште стојат податоците коишто ги пријавил додека бил в.д. директор на ЈП „Службен весник“. Од таа позиција тој како личен имот пријавил стан од 112 м2 во Куманово, со вредност 2.564.550 денари купен во 2014 година. Поседува и благородни метали во вредност од 180.000 денари стекнати од наследство, кој ги навел како заеднички имот со сопругата. Костовски пријавил и банкарски депозити- имот на деца на денарска штедна книшка во висина од 20.000 и кредит од 2.072.550 денари од 2014 година. На кредитната картичка должи 80.000,00 денари.

    На страницата на ДКСК пишува дека Елми Азири нема поднесено анкетен лист како пратеник, а стои пријавата како заменик министер во Министерството за труд и социјална политика. Од личен имот тогаш пријавил стан од 106 м2 во Куманово, кој вреди 4.920.000 денари и моторно возило тојота корола од 2008 година. Азими отплаќа кредит од 1.230.000 денари од 2013 година.