×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Компанијата „Мега“ донираше респиратори за Кумановската болница

    26.05.2020 09:42 | KumanovoNews

    Кумановската компанија „Мега“ заедно со уште три компании, донираа респиратори и медицинска опрема за инфективните одделенија во болниците во државата. Дел од опремата е наменета за Општата болница Куманово.

    Компанијата „Мега“ донираше респиратори за Кумановската болница

    Донацијата се состои од 85 неинвазивни респиратори и 25 кислородни концентратори, наменети за поддршка на дишењето и се употребуваат за третман на пациенти во критична состојба.

     „Во услови кога се затворија границите, кога сите земји имаа потреба од респиратори, полесно, поедноставно ќе беше да се донира било која друга медицинска опрема. Се потрудивме со најзначајна медицинска опрема - да ја опремиме нашата Општа болница во Куманово и Министерството за здравство. На оваа идеја се приклучија и компаниите „Акустик“, „Гремак Груп“ и „Голден Арт“, сите од Скопје. Предмет на донација се 85 респираторни машини и 25 кислородни концентратори – оксигенератори, со дисплеји за приказ на параметри за проценка на терапија на пациентот. Од вкупно донираната медицинска опрема, голем дел ќе биде за Кумановската болница, а точните количини ќе ги одреди Министерство за здравство, и ќе бидат соопштени во наредниот период“, вели Силвана Бојковска, финансиски директор во „Мега“.

    Премиерот Оливер Спасовски, се заблагодари и порача дека ако во нормални услови се гради бизнис во една држава, во време на криза се покажа дека потребно е сите да помогнат на здравствениот систем.

    „Едноставно се покажа дека сите заедно треба да ја споделиме таа грижа, тоа е предизвикот кој стои пред нас и со ова што го направија овие компании, покажаа добар пример за тоа, како треба да се однесуваме сите, и институциите и државата и приватниот сектор“, рече премиерот Спасовски.

     Компанијата „Мега“ со години наназад со добри практики стана препознатлива општествено одговорна компанија. Паралелно со развојот на компанијата редовно помагаше и донираше онаму каде што е најпотребно а главниот мотив кој ја водеше во овие хуманитарни чекори беше развивањето на свеста кај граѓаните за важноста за негување на филантропскиот дух во општеството.

    „Една компанија може да расте и да се развива единствено ако секое делче од целокупното нејзино дејствување е на свое место и во кохезија со заедницата и одговорноста кон неа. Ние како дел од општествениот живот продолжуваме со своите активности во заедницата во која потикнуваме создавање на транспаретно и потикнувачко дејствување. Свесни сме дека нашиот професионален напредок е врзан за добробит на заедницата во која работиме и живееме“, додаваат од компанијата.