Мени

Концерт и изложба на носии на „Српски вез“ утре во Центарот за култура во Куманово

04.11.2025 11:50 | KumanovoNews

Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ утре ќе одржи втор годишен концерт и изложба на носии во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. 

Концерт и изложба на носии на „Српски вез“ утре во Центарот за култура во Куманово

Покрај домаќините, кои ќе се претстават со своите фолклорни, пејачка и етно група, како и со оркестарот, ќе настапат и гости од Детскиот културен центар „Карпош“ од Скопје и Ансамблот за традиционална музика и игра „Митко Алексов“ од Кочани. Концертот е во 19 часот.

Од 18 часот во фоајето на центарот, ќе се одржи и изложба на народни носии и традиционални добра, каде што посетителите ќе можат уживаат во  убавините и богатството на традицијата.

„На изложбата ќе бидат претставени автентични парчиња народните носии, како и други рачно изработени детали кои сведочат за богатото културно наследство на нашиот народ. Еден дел од носиите и сувенирите се изработени во рамките на работилницата за стари занати која Српски вез ја оформи оваа године, во чиј состав има разбој, адекватни машини за везење, каи и многубројни материјали“, изјави претсдателот на друштворо Далибор Китановиќ.

Целиот настан, како и самата изложба имаат за цел да ги поттикнат љубов и емпатија кон традицијата, како и нејзино негување и зачувување за идните генерации.

Првиот годишен концерт на КУД „Српски вез“ се оддржа на 15 октомври, но поради голем интерес на публиката и ограничениот број на места,  закажан уште еден концерт за сите љубители на традиционалната народна игра и песна.