Концерт на Александар Котевски и Марија Ѓошевска
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во понеделник во 19.30 часот, концерт ќе одржат Александар Котевски на виолончело и Марија Ѓошевска на пијано.
Александар Котевски (34) е роден во Битола,а магистрира во класата на доцент Жифко Фирфов. Како член на повеќе состави и оркестри настапувал во Хрватска, БИХ, Србија, Италија, Австрија, Германија, Бугарија, Индонезија и други земји. Од 2011 до 2014 година работи како уметнички директор на Македонска опера.
Ѓошевска , докторирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на истакнатиот пијанист и педагог проф.Борис Романов. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари.