Концерт на дуо Кировски во Куманово
02.12.2014 09:24
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19 часот, концерт ќе одржи Дуо Кировски по повод 20 години постоење.
Пред публиката ќе настапат Љубиша Кировски на виолина и виола и Маја Шутевска Кировска на пијано, а камерен гостин на концертот ќе биде Александра Кировска на гитара. На програмата се дела од Манчев, Сук, Шмиц, Божиновски, Тарега, Бенда и други.