Концерт на дуопијано на Маја Поповиќ и Весна Ангелов - Христов
15.10.2020 06:33
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва 20 часот, концерт на дуопијано, или четирирачно свирење, ќе одржат Маја Поповиќ и Весна Ангелов - Христов.

Концертот е насловен „Музичко патување низ светот“ и ќе се одржи во малата сала, влезот е слободен.