Концерт на класична музика пред Центарот за култура во Куманово
Група на музичари на кларинет, саксофон и пијано, вечерва во 20 часот, пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе одржи мини концерт.

Станува збор за концерт на класична музика и обработка на модерни мелодии преку класичен призвук.
На концертот ќе настапат: Стојан Димов (саксофон, кларинет), Дино Имери (пијано), Маја Поповиќ (пијано) и Нинослав Димов (саксофон).
Публиката ќе има можност да слушне дела од: F.Mendelssohn, C.Saint-Saens, O.Popovic, H.Mancini, P.Itturralde...
Концертот е во организација на Центарот за култура во Куманово, а како што веат од установата ќе бидат запазени и сите мерки за заштита од коронавирусот.