Концерт на пијано на Маја Поповиќ и пријателите во Куманово
14.12.2021 14:26
| Сузана Николиќ
Во фоаето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 19 часот концерт ќе одржи пијанистката Маја Поповиќ и пријателите.

На програмата ќе бидат изведени дела за клавир и дела за саксофон и клавир.
Маја Поповиќ дипломирала на одделот за пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а подоцна и магистрира на истата установа. Моментално работи како професор по пијано и камерна музика во Средното музичко училиште во Скопје, и како стручен соработник – корепетитор на класата по саксофон на Факултетот за музичка уметност.