Концерт на солисти од НОБ во Центарот за култура во Куманово
Во фоајето на Центарот за култура во Куманово утревечер во 19.30 часот ќе се одржи концерт на солисти од Националната опера и балет (НОБ), насловен како „Подарок за градот Куманово“.

Настапуваат Нада Талевска Спасовска-сопран, Сандра Митровска-сопран, Елена Голомеова-сопран, Соња Пандовска Мадевска-мецосопран, Ирена Кавкалевска-мецосопран, Ристе Велков-баритон. Точките ќе се изведуваат со пијано придружба на Елена Сиљаноска.
Ќе се изведуваат дела на Ѓузепе Верди, Жорж Бизе, Доницети, Масне, К.Сен-Санс, Пучини, Делиб и Маскањи. Ќе бидат изведени повеќе од 10 арии од познати и популарни опери: Сицилијански вечери,Кармен, Ќерката на полкот, Риголето, Манон, Самсон и Далила, Турандот, Кавалерија Рустикана.
Влезот е слободен за сите заинтересирани.