Конкурс за фотографии на старо и ново Куманово
Граѓанскиот центар „Активум“ од Куманово, објави конкурс за фотографии, кои ќе го претстават старото и новото Куманово.

Најдобрите три фотографии ќе бидат наградени со парични награди: прво место-10.000 денари, второ место-7.000 денари и трето место-3.000 денари.
Право на учество имаат сите жители на Македонија, а на конкурсот можат да учестуваат со по четири фотографии. Испратените фотографии треба да го документираат и афирмираат културното и духовното богатство на Куманово, преку: архитектурата, обичаите, модата, уличните настани, традиционален или пак модерен начин на живот итн.
Конкурсот ќе биде отворен до 10. октомври.
Избраните фотографии ќе бидат изложени во рамките на уличниот фото фестивал во Куманово, како и во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Делата треба да се испратат на електронската пошта [email protected], а за технички информации, заинтересираните лица можат да се обратат на бројот 078/367/033.
Конкурсот е дел од проектот „Култура за Куманово“, финансиран од Европскапа унија, а е ко-финансиран од Општината Куманово.