Костовски: Да продолжиме заедно да го градиме Куманово и во наредните 4 години
12.07.2020 15:56
| KumanovoNews
Претседателот на општинската организација на СДСМ и кандидат за пратеник во Втората изборна единица, Мартин Костовски, ги повикува граѓаните на Куманово, во среда 15 јули, масовно да излезат на изборите и да дадат подршка на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

„Во нашата програма 2020-2024 ќе продолжиме заедно да го градиме Куманово, преку новата спортска сала, реновираната „Соколана“ и целосно нова Спомен костурница. Заедно, можеме уште повеќе и уште подобро“, - вели Костовски.