Мени

Крадци украле компјутерска опрема во детска градинка

29.09.2021 14:10 | Сузана Николиќ

Непознати сторители провалиле во детска градинка и украле компјутерска опрема.

Крадци украле компјутерска опрема во детска градинка

„Во СВР Куманово утринава во 7.40 часот било пријавено дека во детска градинка на улица „Страшко Симонов“ во Куманово непознат сторител со употреба на сила влегол и одзел компјутерска опрема“, соопштива МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.