Мени

Кривична пријава против две кумановки за злоупотреба на лични податоци

06.03.2026 09:36 | KumanovoNews

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.И. (51) и М.Ќ. (66), двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „несовесно работење во службата“.

Кривична пријава против две кумановки за злоупотреба на лични податоци

Според полицијата, првопријавената поднела барање до Основниот суд во Куманово за издавање потврда од Казнената евиденција за друго лице, без негова согласност, потпис или издадено полномошно.

Второпријавената, која работела како самостоен судски референт во приемната писарница на судот, со невнимание и небрежност го примила барањето без да побара документ за лична идентификација, по што дозволила негово заведување и процесуирање.

По издавањето на потврдата, првопријавената ја подигнала и ја употребила против лицето на чие име била издадена.