Кумановец со фалсификувани пари сакал да купи гориво
20.12.2022 15:43
| Жаклина Цветковска
Четириесет годишен кумановец доби кривична пријава за набавка и употреба на фалсификувана банкнота од 2.000 денари.

Тоја ја употребил банкнотата при купување гориво на бензинска станица во Скопје.
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против него , поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари" по член 268 од Кривичниот законик.