×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава против кумановец за перење пари

    20.12.2019 13:25 | KumanovoNews

    Кумановец доби кривична пријава поради сторено кривично дело „перење пари“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

    Кривична пријава против кумановец за перење пари

    „СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.Т.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“. Пријавениот, во 2014 година, со намера да ги искористи поволностите како повратник од странство за увоз на возило, за увезено возило од Швајцарија на кое не бил сопственик, изготвил лажен купопродажен документ и го приложил во Биро за метрологија и правно лице – техничка служба за идентификација и добивање согласност за регистрација. Врз основа на лажниот договор, тој го регистрирал возилото на свое име, по што во 2016 година го продал на друго лице во Тетово“, - велат од МВР.