Кривична пријава за две лица, правеле веридба со 30 гости во време на пандемија
18.05.2021 16:47
| KumanovoNews
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.Б. и В.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 26 декември минатата година пред семејна куќа на пријавените била организирана семејна прослава по повод свршувачка на второпријавениот, а на која присуствувале околу 30 луѓе, со што било постапено спротивно на член 206 од Кривичниот законик и мерките за заштита од ковид-19 донесени од Владата.