×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава за грабнување на девојка во Пуковско

    11.07.2017 11:37 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.К.(41) од Куманово за сторено кривично дело грабнување.

    Кривична пријава за грабнување на девојка во Пуковско

    Пријавениот на 01.јули годинава околу 21,00 часот, во населбата Пуковско ја грабнал М.З.(21) од Куманово, откако ја истепал со тупаница и шлаканица по лицето, а потоа и се заканил со нож и ја однел во неговата куќа.

    Таму ја заклучил во една од собите, останувајќи заедно се до полноќ, кога ја отклучил вратата и внатре влегол неговиот татко.

    Двајцата мажи се степале, а девојката го искористила моментот, избегала од собата и заминала во својата куќа.