Кривична пријава за кумановец, објавил компромитирачки содржини за бившата девојка
15.07.2023 13:00
| Сузана Николиќ
Кумановската полиција поднесе кривичнa пријавa против 37-годишен кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

„Пријавениот креирал профил на социјална мрежа Фејсбук каде објавувал компромитирачки содржини во врска со неговата поранешна девојка“, соопшти МВР.