Кривична пријава за моторџија кој наместо да застане удрил во полицаец
20.07.2020 21:25
| KumanovoNews
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(28) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 26.06.2020, додека пријавениот управувал мопед „јамаха“, на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, од страна на полициски службеници му било дадено знак да застане, но тој не ја почитувал наредбата, при што со мопедот удрил во полициски службеник и му нанел повреда.