Кривична пријава за насилство во Куманово
06.07.2022 16:37
| Жаклина Цветковска
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.О.(22) од Куманово и двајца малолетници од Куманово и село Ваксинце, Липковско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Пријавените три лица, на 12.05.2022 година, во угостителски објект во Куманово, физички го нападнале Н.М. од Куманово.