Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројцата кумановци, кои истепале полицаец на фудбалски натпревар во село Шупли Камен, заработија кривични пријави за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
А.Н.(45), Х.Б.(28) и Х.Д.(23) сите од Куманово, минатиот месец на фудбалски натпревар помеѓу клубовите “Башкими“ и “Карпош“, додека полицајци се обидувале да спречат нарушување на јавен ред и мир, тие нападнале еден од полицајците. Насилниците го удирале полицаецот со што му нанеле телесни повреди.