Кривична пријава за примање поткуп за двајца полицајци од СВР Куманово
МВР поднесе кривична пријава и ги суспендира од работа полициските службеници Д.Д. (24) и Е.С. (29) од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово.

Постои основано сомнение дека полицајците сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ на РСМ.
Полициските службеници за да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог на возач кој сторил сообраќаен прекршок, побарале и примиле поткуп во материјални добра, кои што по пријавувањето на случајот се пронајдени кај полициските службеници и вратени на сопственикот, - соопштува МВР.
Против полициските службеници до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава и тие се суспендирани од своите работни места до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност.
„Ги повикувам сите граѓани да се охрабрат и да ги пријавуваат ваквите случаи“, - напиша министерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.