×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривична пријава за стечајниот управник на Монопол, ја злоупотребил службената положба

    31.08.2017 16:28 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против: З.Д. (57) од Куманово, стечаен управник на Тутунски комбинат „Боро Петрушевски Папучар“ за сторени кривични дела злоупотреба на службена должност и овластување, измама, употреба на исправа со невистинита содржина и лажно пријавување на кривично дело, како и И.С.(51) и А.С.(39), поранешни сопственици на фирмата „Еуробени“ од липковското село Оризаре, за сторени кривични дела измама, употреба на исправа со невистинита содржина и даночно затајување и фалсификување на исправа.

    Кривична пријава за стечајниот управник на Монопол, ја злоупотребил службената положба

     Според соопштението од СВР Куманово, стечајниот управник делата ги сторил од 15.05.2013 година до 22.07.2016 година, кога во три наврати ја злоупотребил својата службена положба и овластување и на 30.09.2013 година признал задоцнети побарувања на ДПТУ „Еуробени“ ДОО експорт-импорт од с.Оризаре, кое доставило побарување за излачување од стечајна маса на 29.850 кгр тутун и Трговско друштво „Македонија Табак 2000“ ДОО во ликвидација Штип, доставило побарување за излачување од стечајна маса на подвижни предмети (тутун, филтер стапчиња и делови од лабораторија) со приложена спецификација во вкупна вредност од 145.411.220 денари.

    На 22.07.2016 година З.Д. изготвил записник за предавање на владение на подвижен имот на ДПТУ „Еуробени“ ДОО експорт-импорт од с.Оризаре со признаено задоцнето побарување во вид на известување без претходно поведена постапка и доставена документација за докажување на потеклото на бараниот тутун, а само врз основа на приложен договор за закуп на магацинска просторија од 2005 година за чување и складирање на тутун тип Отља класа 3 во кој договор воопшто не е наведена количината на складираниот тутун и по кажување на второпријавенито И.С, првопријавениот му предал во владение 29.850 кгр. тутун со проценета вреднот од 2.364.120 денари без да знае дека оваа правно лице на 07.03.2016 година е избришано од Централниот регистар на РМ и дека 3.630 тутун во вредност од 421.080 денаи и 12.294 кг. во вредност од 973.684,80 денари се во сопственост на Агенција за стокови резерви на РМ, кои како признат доверител истиот ден од стана на З.Д. на записник за предавање на владение примиле 132.198 кгр.тутун Отља кл 1 и 96.000 кгр тутун Отља кл.3.

    Од нивна страна бил извршен вонреден попис за преземениот тутун, при што на 14.09.2016 година констатирале кусок од 110 бали тутун Отља кл 1 и 394 бали тутун Отља кл 3, односно увиделе дека се измамени од З.Д. и дека Агенцијата за стокови резерви е оштетена за вкупен износ од 1.394.764,80 денари. Случајот го пријавиле во МВР.

    За останатата количина од 13.926 кгр. тутун тип Отља кл 3 со проценета вредност од 1.102.939,20 денари го оштетил стечајниот должник Тутунски комбинат „Боро Петрушевски Папучар“ АД Куманово во стечај, додека на второ и третотпријавен им овозможиле да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 2.497.704 денари.

    По пријавувањето на кусокот од страна на Агенција за стокови резерви, З.Д. доставил пријава до СВР Куманово против НН сторител за сторено дело Кражба, прикажувајќи дека кусокот на тутун е настанат од кражба.

    И.С. како поранешен сопственик и управител на ДПТУ „Еуробени“ ДОО експорт-импорт со намера да се стекне со значителна противправна корист со лажно прикажување на факти на Записникот за предавање на владение ставил потпис и печат од избришаната фирма а подоцна истиот записник од страна на  А.С. бил употребен во СВР Куманово заради докажување на потекло на примениот тутун.

    З.Д. по трет пат искористувајќи ја својата службена положба и овластување на ДПТУ „Еуробени“ ДОО експорт-импорт, не му пресметал  закупнина за оставен тутун на чување за период од 2006 до 2016 година со што го оштетил Тутунски комбинат „Боро Петрушевски Папучар“ АД Куманово во стечај во вкупен изност од 3.298.687 денари и Агенцијата за стокови резерви во вкупен износ од 1.394.764,80 денари.

    А.С. како еден од сопственици на ДПТУ „Еуробени“ ДОО експорт-импорт во согласност на И.С. изготвил една испратница на име на правно лице „Дрини Ком“ од Струга за наводно продаден ферментиран тутун во количина од 984 бали  или вкупен износ од 408.360 денари со пресметан ДДВ, ставил потпис и печат од избришана фирма така што со продажба на превземениот тутун во вредност од 2.498.474 денари избегнале плаќање на ДДВ во иснос од 449.725,оо денари.