Кривична пријава за злоупотреба на лични фотографии на Фејсбук
05.07.2017 11:05
| KumanovoNews
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А. (36) од Куманово, за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот спротивно на одредбите за лични податоци, без согласност на С.А.со која бил во љубовна врска, на социјалната мрежа „Фејсбук“, креирал три лажни профила на кои прикажувал фотографии од оштетената, од нејзиниот брат, фотографии од малолетното дете на нејзиниот брат, оставајќи разни коментари како и пораки со навредлива содржина, а со намера да и наштети на нејзината чест и углед.