Кривичната пријава за Димитриевки денеска стигнала во Кумановското обвинителство
Кривичната пријава против градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска пристигнала во Основното јавно обвинитество во Куманово.

- Пријавата ја донесоа сабајле, а не вчера како што беше изнесено во медиумите. Поделена е на обвинител и допрва ќе се работи. Ќе преземеме повеќе истражни дејствија за да се утврди фактичкта состојба. Ќе се постапи најпрофесионално и за се` ќе се извести јавноста, - информираат од Обвинителството.
МВР поднесе крвичната пријава до градоначалникот за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, по член 206 од Кривичен законик.
Градоначалникот на Куманово се соочи со кривична пријава затоа што како позитивен на коронавирус не ги почитуваше мерките за самоизолација од 14 дена и спротивно на решението, самоинаицијативно со уште еден член на кризниот штаб, со возило на Брза помош, отишол да се тестира од кронавирус во приватни клиники во Скопје. Таму тестовите покажале дека е негативен, по што јавно побара да му се укине самоизолацијата за да се врати на работните обврски.
Државниот здравствен и санитерен инспекторат направија вонреден инспекцијски наод и уочи повеќе прекршувања на процедурата во самозолација, поради што градоначалникот се соочува со казна од 300 до 600 евра.
Градоначалникот Димитриевски за цело време тврдеше дека се работи за монтиран случај и вчера на својата фејсбук страна напиша дека станува забор за класична злоупотреба на инструментите на власта.