Кривични пријави за двајца кумановци - не почитувале самоизолација
01.07.2020 13:50
| KumanovoNews
СВР Куманово поднесе две кривични пријави против Б.С.(19) и М.Г.(22), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

На 05 и 07. јуни пријавените без дозвола биле затекнати надвор од своите домови, со што постапиле спротивно на здравствените прописи, односно воведената мерка за забрана на движење заради спречување на вирусот ковид-19.