×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривични пријави за инвеститор и градежни инспекторки

    23.06.2017 11:55 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Куманово, инвеститор на градба, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправно градење, против  В.Б.(64) и В.Л.(63) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

    Кривични пријави за инвеститор и градежни инспекторки

    Д.Б. во текот на 2012 година извел градежни работи и изградил семејна куќа со отстапување од проектната документација, во однос на габарит, како и отстапувања во однос на поставени прозори во форма на излог на предна фасада кои според проектот не постоеле. После продал три станови, иако знаел дека на објектот има отстапувања од проектната документација и поради тоа за објектот нема завршен Извештај од технички преглед во вид на употребна дозвола. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист во износ од околу 7.009.155 денари.

    В.Б., како овластен градежен инспектор во Секторот за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Куманово, во текот на 2012, 2013 и 2014 година, во повеќе наврати вршела инспекциски надзори и го фотографирала објектот и констатирала дека на предметната градба има отстапувања во однос на изградената висина и во однос на поставени, а не и проектирани прозори на предната фасада и по Записниците изготвувала и Решенија со кои наредувала на инвеститорот да ги отстрани отстапувањата од градбата. В.Б. ниту еднаш при извршените инспекциски надзори не го затворила градилиштето со поставување посебен службен знак (жолта лента) согласно чл.136 ст.1 од Законот за градење, административно не ги извршила донесените решенија и заклучоци, ниту покренала кривична постапка против инвеститорот.

    В.Л., како раководител на Секторот за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Куманово, иако била запознаена и учествувала во утврдувањето на наведената фактичка состојба, во постапката не презела никакви мерки за административно извршување на донесените решенија и заклучоци, предметот не го задолжила на друг овластен градежен инспектор и не покренала кривична постапка против инвеститорот.