Мени

Кривична пријава за разбојниците што ограбиле и претепале сопственици на куќа на „Доне Божинов“

15.10.2021 17:14 | Сузана Николиќ

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.И.(29) и В.И.(20) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. 

Кривична пријава за разбојниците што ограбиле и претепале сопственици на куќа на „Доне Божинов“

Во август годинава на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, пријавените влегле во куќа сопственост на М.З. и У.З., одзеле предмети и физички ги нападнале сопствениците, кои ги затекнале на местото.