×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кризниот штаб бара угостителските објекти во Куманово да работат и во неделите

    05.10.2020 15:28 | KumanovoNews

     Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово(ОШЗС), побара од Комисијата за заразни болести и Владата, доколку донесе нови мерки со кои недела ќе се прогласи за неработен ден за угостителските објекти тоа да не важи за Куманово, бидејќи угостителите ги почитувале протоколите.

    Кризниот штаб бара угостителските објекти во Куманово да работат и во неделите

    Од штабот сметаат дека таквата одлука ќе придонесе за поголемо групирање на младите во куќи и викендички, поради што ќе дојде до проширување на епидемијата.

    „Во врска со зголемување на мерките за заштита во ковид кризата и најавата за прогласување на денот недела како неработен ден за угостителските објекти, ОШЗС предлага на Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство и Влада на РСМ од оваа мерка да се изземе Општина Куманово. Штабот смета дека мерките и препораките на Владата во угостителските објекти на територија на Општина Куманово се почитуваат на задоволително ниво и е потребно само дополнителна контрола од надлежни инспекциски служби. Сметаме доколку се донесе една таква рестриктивна мерка на тој начин ќе се зголеми групирање на млади луѓе во паркови, детски игралишта, организирање на забави во приватни куќи и викендици, при што ќе се зголеми ризикот од ширење на епидемијата“, - информираат од Општинскиот штаб за заштита и спасување.

    Денеска во Куманово протестираа педесетина ученици, кои бараа настава со физичкоо присуство наместо онлајн, како што одлучи Министерството за образование.

    Од штабот апелираат до сите организатори и учесници на протестите поврзани со образовниот процес да ги почитуваат мерките за носење на заштитна опрема и одржување на минимум два метри дистанца, во спротивно, тие претставуваат голем ризик за ширење на епидемијата помеѓу самите учесници на протестите, граѓаните и случајните минувачи.

    „Евидентно е дека епидемиолошката состојба на територија на Општина Куманово е сериозна и бараме и апелираме до граѓаните да се почитуваат сите мерки донесени од Владата и Комисијата за заразни болести“, - додаваат од ОШЗС.

    Досега во Центарот за јавно здравје во Куманово се регистрирани 1473 позитивни случаи, оздравени се 1164 и починати се 49 лица. Во моментот се активни 260 случаи.