Крводарителска акција на УМС
15.07.2015 09:35
| KumanovoNews
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, утре организира крводарителска акција во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.

Членови и симпатизери на партијата ќе даруваат крв од 10 до 14 часот. Од Црвен Крст Куманово очекуваат да бидат собрани 30 единици крв, на оваа традиционална крводарителска акција која се одржува со години.