Мени

Крводарителска акција организира Аеро клубот Куманово

04.10.2019 09:09 | KumanovoNews

Аеро клубот Куманово, денеска од 14 до 18.30 часот, организира крводарителска акција, по повод 11 Октомври - Денот на народното востание.

Крводарителска акција организира Аеро клубот Куманово

Крводарителската акција ќе се одржи во просториите на клубот на спортскиот аеродром „Аџи Тепе“.

„Да се собереме повеќе и да ја покажеме нашата хуманост на дело. Ако подариш крв, ќе подариш живот“,- велат во организаторите од Аеро клубот Куманово.