Крводарителска акција во Центарот за култура во Куманово
20.09.2021 13:25
| Сузана Николиќ
Општинска организација на Црвен крст Куманово утре организираа крводарителска акција во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Акцијата ќе се одржи од 9 до 15 часот.

„Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување, да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот“, соопштуваат од Црвен крст Куманово.