Крводарителска акција во клубот „Коледари“
20.02.2023 14:26
| Ивана Алексовска
Здружение на граѓани „Коледари“ со подддршка на Мото Клуб „ Мечки“ и општинската организација на Црвен Крст Куманово, утре во просториите на Коледарскиот клуб во населбата „Карпош“ организира крводарителска акција.

Акцијата ќе трае од 10 до 14 часот.
Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани и крводарители да се вклучат во акцијата да даруваат и да спасат нечиј живот“, апелираат организаторите.