Крводарителска акција во клубот „Коледари“
14.03.2024 08:16
| KumanovoNews
Здружението на граѓани „Коледари“ Куманово со поддршка на Мото клубот „Мечки“, организира крводарителска акција во просториите на Коледарскиот клуб во населбата Карпош.

Акцијата ќе се одржи денеска од 10 до 14 часот.
Од здружението ги повикуваат сите крводарители и граѓани да се приклучат на акцијата и да спасат нечиј живот.
Акцијата се организира во соработка со Црвен крст Куманово и Заводот за трансфузиологија Скопје.