Kрводарителска акција во Клубот на воени ветерани во Куманово
21.09.2022 12:25
| Сузана Николиќ
Црвен крст Куманово во соработка со службата за Трансфузиона медицина утре (четврток) организира крводарителска акција.

Акцијата ќе се одржи во просториите на Клубот на воени ветарани во Куманово од 9 часот до 15 часот.
„Ве известуваме дека залихите на крв се повторно намалени, затоа ве замолуваме да одговорите на крводарителските акции и да помогнете да се спаси нечиј живот. Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно“, порачуваат организаторите, кои порачуваат крводарителите да ги почитуваат препораките за самозаштита на Министерството за здравство.