Крводарителска акција во Занаетчискиот дом во Куманово
05.09.2023 12:40
| Сузана Николиќ
Црвен крст Куманово во соработка со Службата за Трансфузиона медицина, утре /среда/ од 10 до 14 часот организира крводарителска акција во просториите на Занаетчиски дом Куманово.

„Со дарувањето да дадеме наш придонес за јавното здравје и да спасиме што повеќе животи. Крводарителството е врвен чин на хуманост. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот“, соопштуваат организаторите.