×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановчани под маски

    08.05.2010 14:38 | KumanovoNews

     Над 2000 маски продефилираа на Градкиот плоштад на седмиот по ред маскенбал „Батко Ѓорѓија - 2010„. На маскенбалот учестваа дечиња од градинките и ученици од основните и средни училишта, маскирани како вонземјани, снегулки, кременковци, готвачи, балерини, војници, ветерки и други најразлични маски се претставија пред неколку илјадната публика.

    Кумановчани под маски

     Задоволни сме од одзивот на учениците, како и од креациите кои секоја година се пооргинални и поинтересни. Најуспешните маски ги стимулираме со симболични награди. Жирито го сочинуваат професори по ликовна уметност, кои ги оценуваат креациите. И оваа година имаме гости од струмичкиот карневал, со што се надеваме дека ќе ги потикнеме и нашите учесници да бидат поинвентивни – изјави Жика Крстевски, раководител на Секторот за култура, образование и јавни установи.

    И учесниците на маскенбалот се задоволни од манифестацијата.

    Сами ја смисливме маската „Египет„. Професорите само ни помогнаа при изработката. Ние сме задоволни што имаме можност да ги прикажеме своите креации пред бројната публика - велат учесниците.

    На Маскенабалот ревијално настапија и претставници од Струмичкиот карневал.Од СОУ „Јане Сандански„ се претставија со маскате „Викинзите на звездениот град„, а од СОУ „Димитар Влахов„ со маска за Мајкл Џексон.

    Кумановскиот маскембал е уште на почеток, се надевам дека понатаму ќе се развива и ќе го достигне нивото на струмичкиот кој засега е најдобар во државата.Но сепак убаво е што не поканија да се дружиме и да им го пренесеме нашето искуство-велат струмичани.

    По одлука на стручното жири, Гран-при доби маската „Торта правам„ од ОУ „Кочо Рацин„, а најинвентивни беа маските „Рогушести„ и „Опашести вонземјани„ на учениците од ОУ „Крсте Мисирков„. Во категорија на средни училишта прво место освои гимназијата „Гоце Делчев„ со маската „Историски Рим„, втори се „Наце Буѓони„ со маската „Ревија на Венецијански маски„ и трети „Перо Наков„ со маската „Бразил„. Од основните училипта најобри беа учениците од ОУ „11 Октомври„ со маската „Децата на планетата земја„, второ ОУ „Толи Зордумис„ маска „Снегулки„ и трети од ОУ „Вера Которка„ со маската „Еду Бунту„.

    Маскенбалот го организираше локалната самоуправа преку Секторот за јавни установи, култура и образование.