Кумановци добија кривични пријави за фалсификување пари
24.10.2019 12:56
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.И.(19) и А.О.(16), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Првопријавениот набавил 15 фалсификувани банкноти во апоени од 500 и 1.000 денари, по што на 30.09.2019 во Куманово, по претходен договор со второпријавениот, фалсификувана банкнота од 1000 денари пуштиле во промет, но набргу потоа биле откриени и приведени.